Утрински Весник
Спорт

Вердаско дисквалификуван од Ролан Гарос

Вердаско дисквалификуван од Ролан Гарос

Шпанскиот тенисер Фернандо Вердско е дисквалификуван од Ролан Гарос. Откако пристигнал во Париз тој бил тестиран, неговиот тест бил позитивен. Шпанецот е убеден дека тестот е „лажно позитивен“.

Во опширното соопштение со кое и се обрати на јавноста меѓу другото пишува.

„Оваа година нема да можам да се натпреварувам на Ролан Гарос. Жал ми е, целосно сум фрустриран“.

Вердаско порачал дека во август оздравел од коронавирусот и дека оттогаш направил неколку тестови кои биле негативни, вклучувајќи ги и тестовите на турнирте во Рим и Хамбург. Дополнил дека членовите на неговото семејство и неговите блиски пријатели имале негативни тестови.

Тој ја информира јавноста дека организаторите на Ролан Гарос не му дозволиле да направи уште еден тест.

> Вердаско дисквалификуван од Ролан Гарос <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тешка вечер за македонските младинци: Италија победи со 4:0

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Данска по полуфиналето на плејофот за Мудијалот 2026

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења