Утрински Весник
Македонија

Тројца осомничени за производство на марихуана, едниот фатен додека ги кастрел стеблата во Визбегово

Тројца осомничени за производство на марихуана, едниот фатен додека ги кастрел стеблата во Визбегово
Dik 300x250 mk

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против тројца 38-годишници за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Двајца од осомничените неовластено произведувале и држеле наркотична дрога – марихуана. За таа цел, едниот осомничен ги ставил на располагање дворот и просториите од семејната викенд-куќа во Визбегово.

Другиот осомничен, пак, бил затекнат во дворот од куќата во момент кога ги кастрел цветовите од стеблата и ги мерел по тежина за натамошно пакување. При претрес на локацијата биле пронајдени 15 растенија канабис со поединечна висина од 19 до 80 сантиметри, девет свежо искршени гранки со лисја и врвни делови, 20 искршени и делумно соголени гранки со лисја и вршунки канабис, како и дигитална вага.

Во домот на третиот осомничен, пак, на улица „Христо Смирненски“ биле пронајдени и одземени 99,72 грама наркотична дрога – марихуана, како и 2,8 милилитри хашиш смола во два шприца.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност да го повторат делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите тројца осомничени.​

(Фото: Илустрација)

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Две лица загинаа во тешка сообраќајка на патот Прилеп – Росоман

Сообраќајна несреќа на патот Дреново – Прилеп, сообраќајот во прекин

Двајца Охриѓани искршиле апарат во казино па се пресметале и со обезбедувањето – веднаш се уапсени