Утрински Весник
Македонија

MOН и граѓанските организации заеднички ќе работат на реформите во образованието

MOН и граѓанските организации заеднички ќе работат на реформите во образованието

Министерката за образование и наука Мила Царовска одржа работен состанок со претставници на над 30 граѓански организации и со нив дискутираше за заедничките цели и приоритети и можноста за соработка во реформите на образованието.

„Граѓанските организации се и ќе продолжат да бидат наш важен партнер во сите значајни процеси во општеството, меѓу кои е и образованието. Убедена сум дека поголемиот дел од вас работат, или се вклучени во различни процеси и креирање политики за подобрување и унапредување на образованието и очекувам дека ќе најдеме простор за заедничка соработка“ , рече Царовска.

Претставниците на граѓанските организации најавија дека имаат интерес за соработка со МОН во делот на развој на инклузивно образование, реформите во образованието, вклучувањето на младите во реформите позврзани со квалитна настава и подобрување на младинскиот стандард, како и во обезбедувањето на квалитетни учебници.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Полициски претрес: Најдени оружје, муниција и марихуана, уапсени четири лица

Љутков од Анкара: Се продлабочуваат партнерството и соработката во културата и туризмот меѓу Македонија и Турција

Левица: Заеднички фотографии на Томовски и директор на фирма со 160 тендери не се доказ за корупција за ДКСК