Утрински Весник
Македонија

Николовски ќе бара мотивациско писмо од директорите за да спречи корупција

Николовски ќе бара мотивациско писмо од директорите за да спречи корупција

Вицепремиерот Љупчо Николовски бара од граѓаните да не очекуваат чудо за брзо време бидејќи проблемот со корупцијата во Македонија постои со децении во минатото, но сепак од некаде мора да се почне.

„ Ќе се почне од некаде. За првите директори, за сите ќе има огласи, конкурси, ќе имаме јавни повици за различни типови на функционери, за членувања во надзорни и управни одбори“, рече Николовски.

Тој вели дека сите ќе мора да се научат да поднесуваат мотивациско писмо.

„ Ќе треба првенствено да поднесат Си-Ви, мотивациско писмо и план за работа и тоа е огромна промена, која што досега, можеби и за најголем дел од нив не е ни законска обврска. Зборам за вредности и нови стандарди кои имаме волја да ги воспоставиме“, рече Николовски.

Според Николовски, тоа е можност за луѓе со капацитет да се вградат во институциите, во овие четири години, кој тој ги нарече неповторливи, во кои општеството треба да се трансформира.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЛДП: Не е проблем законот за „Скопје 2028″, проблем е кога тој се претвора во алатка за „перење” пари и местење тендери

Поднесена кривична пријава за српскиот возач што се обидел да прошверцува 5000 штеки цигари

Студентка со поткуп добила лиценца за стоматолог, уапсени три лица