Утрински Весник
Спорт

Стоп за Денвер и Јокиќ – ЛА Лејкерс водат 3:1 во „Западното“ финале

Стоп за Денвер и Јокиќ – ЛА Лејкерс водат 3:1 во „Западното“ финале

Лос Анџелес Лејкерс го добија четвртиот меч од финалната серија на Западот против Денвер Нагетс со 114:108. Лејкерси водат во серијата со 3:1.

Кошаркарите од Лос Анџелес од почетокот го контролираа резултатот, го изолираа Никола Јокиќ, а иако Денвер имаа резултатски приклучок, не успеаја да направат пресврт. Своја улога имаа и судиите кои на три минути до крајот при резултат 105:102 не досудија очигледен фаул врз Џамал Мареј од страна на Леброн Џејмс.

„Езерџиите“ потоа се „одлепија“ на 109:102 и во пенал-завршницата ја забележаа третата победа во серијата.

Лејкерси до победата ги предводеше Ентони Дејвис со 34 поени. Тој бее најзаслужен што Лејкерси во првата четвртина стекнаа двоцифрена предност. Иако играше лошо во второто полувреме Леброн Џејмс мечот го заврши со 26 поени, 9 скока и 8 асистенции.

Кај Нагетс се истакна Џамал Мареј со 32 поени, но тој немаше поддршка од соиграчите. Никола Јокиќ не можеше да се носи со одбраната на Лејкерси, а имаше и проблем со личните грешки. Србинот мечот го заврши со 16 поени, 7 скока и 4 асистенции. Поен повеќе постигна Џереми Грент.

Петтиот натпревар на програмата е во недела наутро.



> Стоп за Денвер и Јокиќ – ЛА Лејкерс водат 3:1 во „Западното“ финале <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига