Утрински Весник
Свет

Украдена реликвија со капки крв од папата Јован Павле Втори

Украдена реликвија со капки крв од папата Јован Павле Втори
Dik 300x250 mk

Реликвија од злато и кристали, во која се чуваат капки крв од светиот папа Јован Павле Втори, била украдена од катедралата во градот Сполето, во централниот дел на Италија, пренесува „Ројтерс“.

Реликвијата била украдена во средата од олтарот посветен на полскиот папа, кој почина во 2005 година, по 27 години понтификат.

Предметот бил привремено изложен во катедралата во Сполето. Следниот месец требало да биде префрлен во нова црква во регионот Умбрија, именувана по покојниот папа.

Надбискупот Ренато Бокардо, долгогодишен близок соработник на папата во Ватикан, повика предметот да биде вратен на катедралата и верниците.

Тој рече дека сè уште не е познато дали реликвијата била украдена за откуп, како што во минатото се случувало со други вакви предмети во Италија.

Во тек е полициска истрага за случајот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген