Утрински Весник
Свет

Собјанин: Ниту едно вакцинирано лице немало компликации

Собјанин: Ниту едно вакцинирано лице немало компликации

Не се забележани компликации кај ниту едно од 3.000 лица кои биле вакцинирани против коронавирусот во Москва како дел од испитувањата по регистрацијата, изјави градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.

„Веќе вакциниравме околу 3.000 луѓе како дел од големата студија по регистрацијата, сите се во добра здравствена состојба и поминаа неколку недели и не забележавме никакви компликации“, изјави Собјанин пред новинарите, пренесе ТАСС.

Русија стана првата земја во светот што на 11 август регистрираше вакцина против коронавирусот, „Спутник V“.

Вакцината е развиена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија на руското Министерство за здравство „Гамалеја“ и поминала клинички испитувања во јуни и јули.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Снежното невреме остави 19.000 домаќинства без струја во североисточна Словенија

Макрон за царините на Трамп: Добро е да има противтежа на моќта, реципроцитет, а не еднострани одлуки

Американски ловци пресретнале пет руски авиони кај Алјаска