Утрински Весник
Македонија

Груби-Тимоние: Од соодветна важност е владеењето на правото и борбата против корупцијата

Груби-Тимоние: Од соодветна важност е владеењето на правото и борбата против корупцијата

Северна Македонија напредува во многу области и успеа да се придвижи напред на меѓународно ниво во однос на процесот на интеграцијата на земјата во Европската Унија. Процесот на реформите ќе продолжи без престан, со цел да се испрати позитивен сигнал до нашите европски партнери.

Ова го изјави првиот вицепремиер и министер за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците, г.Артан Груби, на денешната средба со амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, Кристијан Тимоние.

Првиот вицепремиер Груби изрази благодарност за поддршката што Република Северна Македонија ја добива од Република Франција во нејзините напори за остварување на стратешките приоритети на земјата и истовремено за одличната билатерална соработка.

Груби му кажа на францускиот амбасадор дека Владата ќе продолжи да работи со највисоката динамика бидејќи е посветена на напредокот на земјата кој што треба да продолжи во сите можни области. Тој исто така му порача на амбасадорот Тимоние дека Владата на Република Северна Македонија е определена за функционални институции, кои активно и транспарентно ќе работат на спроведувањето на реформите што се во интерес на сите граѓани и на процесот на интеграција на земјата во Европска Унија.

За време на состанокот помеѓу првиот вицепремиер Груби и амбасадорот на Франција Тимоние беше заклучено дека од соодветна важност е владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Груби му го потврди својот став на амбасадорот Тимоние дека неселективната правда и владеењето на правото ќе се постигне преку целосна транспарентност и ветингот што ќе се спроведе против носителите на јавни функции, судиите и обвинителите.

Груби и Тимоние исто така ја отворија и темата на пописот, процес што го оценија како чувствителен и во оваа прилика се согласија дека мора да бидат исполнети сите услови за да биде што е можно поверодостоен.

На крајот на оваа средба, Груби и Тимоние разменија мислења за можностите за продлабочување на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Франција.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег