Британскиот весник „Фајненшл тајмс“ објави дека во Велика Британија ќе се спроведе клиничко испитување, при што доброволците ќе бидат намерно заразени со коронавирус, со цел да се тестира подготвеноста на кандидатите за вакцина против коронавирус.
Проектот, кој е финансиран од британската влада, треба да започне во јануари во еден од објектите наменети за карантин во Лондон, а досега се пријавиле околу 2.000 доброволци, пренесува „Ројтерс“.
Француската компанија „Санофи“ објави дека нема да учествува во тоа тестирање, а тоа го демантираше и британската фармацевтска компанија „Астра Зенека“, чија експериментална вакцина, која ја развиваат во соработка со Универзитетот во Оксфорд, е во фаза на тестирање.