Утрински Весник
Свет

Руски медиуми: Урнатиот Сухој вреден 50 милиони долари по грешка соборен

Руски медиуми: Урнатиот Сухој вреден 50 милиони долари по грешка соборен
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ловецот Сухој -30 вреден 50 милиони долари се урна во централна Русија, а локалните медиуми пренесуваат дека по грешка го соборил друг авион за време на воени вежби.

Двајцата пилоти безбедно се катапултираа, пренесе РТ.

Од Западниот воен округ на Русија е соопштено дека авионот се урнал во Тверскиот регион, а дека пилотите се пронајдени во „задоволувачка“ состојба.

Војската не открила многу за инцидентот, а локалните медиуми пренесуваат дека ловецот најверојатно бил соборен.

Прелиминарните резултати укажуваат на тоа дека Сухој-30 по грешка го погодило друго летало за време на воени вежби, рекол анонимен извор од Брзата помош во Тверската област за агенцијата ТАСС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Рим размислува за влезница од две евра за Фонтаната Треви

Мелони: Најголемиот непријател на ЕУ е сопствената неодлучност

СЗО: Новиот сој на грип го оптоварува здравството во Европа