Владата предводена од СДСМ презеде ефикасни и навремени мерки за полесно справување со економските последици предизвикани од коронавирусот и покажа дека се грижи за секој еден граѓанин, а истовремено креира и развојна економија со цел успешно справување со кризата, соопшти СДСМ.
Само преку мерката „купувам домашно”, 26.8 милиони евра завршија кај 309.000 граѓани со цел да се поттикне приватната потрошувачка и да се зајакне куповната моќ.
„Од нив 16.5 милиони евра се наменети за 113.000 невработени граѓани и граѓани кои се приматели на социјална помош.Преку 5.4 милиони евра за 111.000 вработени граѓани со ниски примања.Над 4 милиони евра за 81.000 млади граѓани, како и преку 900.000 евра за 4.000 здравствени работници.
Паралелно, преку мерката „Дома си е дома” Владата предводена од СДСМ додели ваучери за туризам на 117.000 граѓани во висина од 12 милиони евра, како директна помош за туризмот и угостителството како едни од најпогодените стопански гранки“, се вели во соопштението.
СДСМ како одговорна партија останува посветена на креирање мерки што значат вистинска грижа за сите граѓани, обезбедуваат спас на работните места, како и помош и поддршка на компаниите во најпогодените сектори.Во тек е подготовката на четвртиот пакет антикризни мерки којшто има за цел да обезбеди уште поголема поддршка и на работниците и на компаниите, додаваат од партијата.