Утрински Весник
Свет

Бечиќ нов претседател на црногорскиот парламент

Бечиќ нов претседател на црногорскиот парламент
Dik 300x250 mk

Лидерот на Демократска Црна Гора, Алекса Бечиќ, со мнозинство гласови е избран за претседател на новиот состав на Парламентот на Црна Гора.

Бечиќ беше предложен од трите победнички коалиции, кои ќе формираат нова влада во Црна Гора. За него гласаа 45 од вкупно 71 пратеник.

Демократска Црна Гора претходно објави потпишан документ со кој од претседателот Мило Ѓукановиќ се бара мандатот за состав на нова влада да му го додели на Здравко Кривокапиќ, носител на коалициската листа За иднината на Црна Гора.

Со тој предлог,како и со изборот на Бечиќ за претседател на парламентот,трите победнички коалиции докажаа дека остануваат посветени на договорот за формирање нова влада во Црна Гора, по 30-годишното владеење на ДПС на Мило Ѓукановиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил