Утрински Весник
Магазин

Млада Либанка се придружи на глобалниот поп-бенд

Млада Либанка се придружи на глобалниот поп-бенд

Тинејџерска пејачка од Либан оваа недела стана дел од глобалниот поп-бенд формиран од Сајмон Фулер, човекот кој стои зад „Спајс грлс“ и „Американски идол“, а чија цел е да ги трансформира младите непознати луѓе во интернет-суперsвезди.

Овој проект можеби изгледа грандиозна амбиција во време на глобална здравствена криза. Но, бендот Now United (сега обединети), со над десетина тинејџери од целиот свет, чекори напред, а неделава веќе снима нова музика во градот Дубаи.

Нур Ардакани (18) даде интервју за „Асошиејтед прес“ во текот на нејзината посета на Обединетите Арапски Емирати и рече дека ѝ е чест да го претставува Либан.

„Уметноста и музиката се многу важни во вакви времиња“, рече Либанката и додаде дека нејзината земја поминува низ многу тежок период.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста