Утрински Весник
Свет

Трите коалиции го поддржаа Кривокапиќ за мандатар на новата влада во Црна Гора

Трите коалиции го поддржаа Кривокапиќ за мандатар на новата влада во Црна Гора
Dik 300x250 mk

Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар за состав на новата влада во Црна Гора, одлучија пратениците на трите колаиции, пренесуваат црногорските медиуми.

Со своите потписи го поддржаа Кривокапиќ пратениците од партиите „ За иднина на Црна Гора“, „Мир е нашата нација“ и „Црно на бело“ .

„ Бараме од претседателот на Црна Гора да го предложи професорот Здравко Кривокапиќ за мандатар за состав на новата влада на Црна Гора“ пишува во документот.

Во црногорското Собрание денеска се одржува седница на која се верификувани мандатите на пратениците по изборите во август и на која Алекса Бечиќ од „Мир е наша нација“, би можел да биде избран за претседател на парламентот.

Во првиот дел од седницата стигна предлог, со кој се согласиле сите три коалиции, кои го потпишаа документот во кој се повикува шефот на државата Мило Ѓукановиќ да го предложи за мандатар на новата влада, носителот на листата „За иднина на Црна Гора“, Здравко Кривокапиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Потона брод со мигранти меѓу Малезија и Тајланд, стотици се водат како исчезнати

Одбележани 36 години од падот на Берлинскиот ѕид

Лавров: Русија и САД го продолжуваат билатералниот дијалог, но не со посакуваното темпо