Утрински Весник
Македонија

Училиштата во Карпош подготвени за прием на ученици

Училиштата во Карпош подготвени за прием на ученици
Dik 300x250 mk

Основните училишта во општина Карпош деновиве интензивно се подготвуваат за почеток на учебната година од 1 октомври.

Како што информираат од општината, поставени се насоки на движење, дезинфекциони бариери, креативни упатства, клупи на растојание, ново – адаптирани училници.

За да се привлече вниманието на најмладите, на учениците од прво, второ и трето одделение сите упатства се со воочливи бои и симболи кои стимулираат интеракција и следење на протоколите.

Во училиштата, овие денови се врши и обука на наставниот кадар за работа на националната онлајн платформа. Локалната самоуправа обезбедува и дополнителна ИТ опрема (компјутери, слушалки и камери) за наставниците, со цел наставата да се одвива без пречки.

Секое од училиштата има и просторија за изолација, во случај ученикот да развие симптоми на коронавирусот.

Секое училиште има обезбедено и повеќе влезови, пристапи кон училниците.

„Ова е период кој бара одговорност од сите нас. Заради непредвидливоста на вирусот, никој не може да вети стопроцентна подготвеност, но Општина Карпош и управите на десетте основни училишта работат со сите капацитети за да се обезбеди безбеден прием на учениците до трето одделение и непречена настава по електронски пат“, велат од општината.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

МВР опомена 150 граѓани кои зборувале на телефон додека поминувале на пешачки

Најстудено во Крушево, најмногу дожд во Охрид

ВЛЕН: Неуспехот не може да се рекалибрира, ДУИ/НАИ се затворено поглавје!