Утрински Весник
Македонија

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичен суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за нелегалното прислушкување во периодот меѓу 2008 и 2015 година, каде обвинети се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска како и лица вработени во УБК. На овој начин, Јанакиески се приклучува кон прогонот на обвинетите во случајот. За него, во СЈО има над 80.000 снимки во кои се слуша како разговара со различни луѓе, а дел се и јавно објавени на прес-конференциите кои ги одржуваше СДСМ.

„ Многу логично е тој да биде еден од првите кој е во тој предмет оштетен, бидејќи Миле Јанакиески е во 90 отсто од материјалите кои се предадени во СЈО“, вели кратко адвокатот Еленко Миланов за „Макфакс“.

Освен Јанакиески, барање до судот за да биде оштетена во процесот поднела и Гордана Јанкулоска преку нејзините бранители.

„ Се додека е доказна постапка, може да се поднесе барање за оштетени во постапката. Обвинета сум во предметот „Тврдина“, а барањето е за предметот „Таргет“, вели кусо Јанкулоска за „Макфакс“.

Судскиот процес го води судијата Џенета Бегтовиќ, додека обвинението е застапено од обвинителската тројка Трајче Пеливанов, Ленче Ристовска и Артан Ајро.
Судењето по предметот „Таргет-Тврдина“ е започнато на 22 декември 2017 година и се наоѓа во фаза на доказна постапка.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година