Утрински Весник
Македонија

Филипче: Главна причина за зголемување на бројката на заболени е непочитување на мерките

Филипче: Главна причина за зголемување на бројката на заболени е непочитување на мерките

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција истакна дека главната причина за зголемување на бројката на заболени со ковид-19 се должи на непочитување на мерките за заштита. Тоа се групирање, семејни собири и прослави, свадби кои се забранети и слични настани, но и генерално опуштање на граѓаните.

„ Ризикот кој го носи есента е сериозен аларм, дека мора и натаму да делуваме за да го заштитиме и јавното здравје и здравствениот систем. Повторно ќе кажам нема да дозволиме оние кои не ги почитуваат мерките да ги изложуваат на ризик критичните, ризични групи граѓани, но и сите останати кои може да бидат жртви на вирусот, а видовме дека коронавирусот може да биде фатален буквално за секој еден од нас. Заради оваа состојба веќе започнавме, а уште повеќе во следните денови ќе ги засилиме контролите за спроведување на мерките и протоколите кои се веќе на сила. Сите инспекторати и институции кои се задолжени за спроведување на мерките интензивно ќе работат и апелирам состојбата да се сфати сериозно. Апсолутно е недозволиво, покрај сите најави за ризиците коишто ги носи овој период, сериозен дел од граѓаните и натаму да не ги почитуваат мерките. Недозволиво е сериозен дел и од бизнисите пред се во угостителскиот сектор да не ги почитуваат превентивните мерки“, рече министерот Филипче.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Завршни зборови за убиствата на Вања и Панче: Нема никакво оправдување за убиство на невино дете, кое ни на сон не им сторило ништо на четворицата обвинети

Обвинителството тврди дека Палчо од таткото Александар разбрал кое време Вања ќе оди на училиште и дека ќе оди сама

Одбраната на Боре Видевски не ја донесе снимката од бензиската „Макпетрол“ во Велес, на која наводно се гледа Жежовски како полни бензин