Утрински Весник
Македонија

Груби на средба со британската амбасадорка: Етничката застапеност е уставно право и мора да се почитува

Груби на средба со британската амбасадорка: Етничката застапеност е уставно право и мора да се почитува

Вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби, денеска се сртна со британската амбасадорка Рејчел Галовеј, а на средбата меѓудругото истакнал дека правичната и соодветна застапеност е уставно право и дека треба да се почитува принципот: „Колку повеќе државата е лојална кон граѓаните, толку повеќе граѓаните ќе бидат лојални кон државата“.

Груби исто така посочил дека патот до неселективна правда и владеење на правото може да се постигне само преку целосна транспарентност и ветинг на јавните службеници, судиите и обвинителите.

Тој особено ги издвоил случаите „Сопот“, „Монструм“, „Алфа“ и малиот Алмир за кој рекол дека треба да добијат правична судска разрешница.

На средбата било потенцирано дека Владата останува посветена на остварувањето на своите стратешки цели, односно за исполнување на обврските од членството во НАТО и забрзување на процесот на членство во Европската Унија.

За време на состанокот со амбасадорката Галовеј, Груби изразил и оптимизам дека Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ќе прикаже добар мозаик на Република Северна Македонија во однос на застапеноста и обележјата на сите етнички заедници.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СДСМ:Гeроски го спореди претседателот на СДСМ со убиец на деца

Битиќи: Состојбите денес и во 2016 година не се разликуваат

Ристо Никовски контра Муцунски: Македонија нема никакви специјални односи со САД