Утрински Весник
Македонија

Илегалната миграција тема на средбата меѓу Спасовски и хрватската амбасадорка

Илегалната миграција тема на средбата меѓу Спасовски и хрватската амбасадорка

Во Министерството за внатрешни работи денеска се одржа средба помеѓу министерот Оливер Спасовски и храватската амбасадорка, Нивес Тигањ.

Како што информираат од МВР, на средбата двајцата соговорници ја потенцирале одличната соработка меѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји, како и досегашната, но и поддршката од Хрватска на која може земјава да смета и во наредниот период, а во однос на процесите за започнување на преговори со ЕУ.

Тема на средбата биле и начините за справување со илегалната миграција и соработката со цел поефикасно справување со обидите за илегален влез на мигранти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Акса Енерџи Македонија“ регистрирана – почнува нова фаза на гасификацијата

ВЛЕН: Шасивари, Ферати и Сулејмани ќе раководат со трите нови министерства

Во Амбасадата на САД во Скопје одбележани 250 години од американската независност