Утрински Весник
Македонија

Утре и задутре изменет сообраќаен режим во Скопје поради „ФИС ролер ски куп Скопје“

Санкционирани 123 возачи во Прилеп, меѓу кои и 21 мотоциклист

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека утре и задутре, 23 и 24 септември, ќе се одржи меѓународна спортска манифестација „ФИС ролер ски куп Скопје“.

За таа цел Одделението за безбедност на патниот сообраќај при МВР во периодот од 8:45 до 10:45 часот, ќе преземе мерки за посебен режим со траса на движење од ул. Тодор Александров пред ОУ „Кочо Рацин“, право по локалниот пат до паркингот кај Средно Водно и понатаму до паркингот кај манастирот Св. Пантелејмон- с. Горно Нерези во Скопје, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

„ФИС ролер ски куп Скопје“ е во организација на Град Скопје, Агенција за млади и спорт, Скијачка федерација на Република Северна Македонија, Клуб за биатлон и нордиски дисциплини „Олимпик скии “ од Скопје и „Мунте“ – Карпош.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во прилепската болница прва сложена операција на рака, втора во државава

Дува засилен северен ветер, а топлиот Африкански бран кај нас слабее!

СДСМ идната недела ќе соопшти имиња на дел од кандидатите за градоначалници