Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 88 новозаболени од коронавирус на тестирани 2335 лица, но нема смртни случаи, објави словенечката влада.
Тоа се 38 инфицирани повеќе од претходниот ден, кога имало 50 новоинфицирани, но со само 984 тестирани лица.
Во моментов има 71 пациент со Ковид-19 во болниците, од кои 13 имаат потреба од интензивно лекување, според податоците на Министерството за здравство.
Од почетокот на епидемијата во Словенија се потврдени 4558 инфекции со 205.015 тестови, а досега починале 142 лица како резултат на Ковид-19.
Раководителот на одделот за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести на Универзитетскиот медицински центар во Љубљана, Матјаж Јереб, рече дека бројот на хоспитализации и пациенти на одделите за интензивна нега е загрижувачки и дека, со оглед на епидемиолошката состојба, бројот на нови пациенти може да се зголеми во наредните денови во болниците, кои имаат ограничени кадровски и материјални капацитети.