Утрински Весник
Свет

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

До крајот на октомври ќе се знае дали американската вакцина е ефикасна

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата Тасс повикувајќи се на извори од Aгенцијата за заштита на потрошувачите Роспотребнадзор.

Оваа вакцина ја развил сибирскиот институт „Вектор“, кој минатата недела ја заврши првата фаза на тестирање на луѓе.

Русија во август ја регистрира првата вацина против Ковид-19, а ја разви институтот во Москва „Гамалеј“.

Во тек е завршна фаза од нејзиното тестирање во кое учествуваат 40.000 луѓе.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Случаите со ебола во Конго надминаа 5.000

Трамп го одложи воведувањето на царини од 50% за Канада

Иран: Ормуската Теснина ќе остане затворена додека САД не ги исполнат сите услови од јунскиот договор