Утрински Весник
Свет

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го пренесуваат вирусот на ограничен начин, па затоа не им е потребна вакцина.

Од друга страна, шведските здравствени власти им ја препорачуваат вакцината на возрасните, особено на оние кои се ранлива група и на постарите лица, пренесува „Си-ен-ен“.

Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел објасни дека Шведска функционира на принцип на доброволна вакцина, а така било и за време на минатите пандемии кога биле вакцинирани голем број луѓе.

„Веројатно имавме најголем процент на вакцинирани во светот. На почетокот нема да биде најрелевантно да се вакцинираат деца, туку оние кои се ризична група – стари лица и оние кои работат со нив“, рече Тегнел, пренесува „Танјуг“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хезболах истрела 150 ракети кон Израел

Телефонски разговор Путин – Ердоган

Пакистан го прекина интернетот и мобилната телефонија