На летот од Лондон до Нахој, една патничка заразила 15 лица во авионот.
Жената која летала во бизнис-класа кашлала и имала болки во грлото. Кога слетала во Виетнам, добила висока температура, а потоа била тестирана и резултатите биле позитивни.
Научниците дошле до заклучок дека уште 14 патници се заразени со коронавирус, како и една стјуардеса.
Во текот на летот, никој од новозаразените немал симптоми.
Врз основа на тоа истражување, пренесуваат австриските медиуми, научниците докажале дека движењето на аеросолите може да претставува проблем во авионите и дека авионите се плодна почва за масовно ширење на коронавирусот.