Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Се бара список со имиња на многу славни личности кои летале со авионите на осудениот педофил Епстајн

Се бара список со имиња на многу славни личности кои летале со авионите на осудениот педофил Епстајн
300x250 opst2

Податоци од летовите на авионите на милијардерот Џефри Епстајн, вклучително и „Лолита експрес“, ќе бидат изнесени пред судот, што предизвикува страв кај богатите и славните личности кои се дружеа и одеа на забави со овој осуден педофил, кој минатата година изврши самоубиство во затвор.

Јавниот обвинител на Девствените острови, каде милијардерот имал вила и се сомниши дека извршил бројни злосторства, побара да добие документи за тоа кои биле патниците во овие воздухоплови.

Податоците се однесуваат на неговите четири хеликоптери и три авиони во периодот од 1998 година до самоубиството на Епстајн во 2019 година.

Обвинителкот Денис Џорџ поднесе тужбата, повикувајќи се на 22 точки, вклучително и трговија со луѓе, тешко силување, злоупотреба на деца, занемарување, присилна работа и проституција, пишува „Дејли меил“.

Џорџ, исто така, бара да види какви било „поплаки или извештаи за потенцијално сомнително однесување“, како и личните белешки на пилотот. Се бараат и имиња и деталите за сите што работеле со пилотите, комуницирале со Епстајн и патниците што патувале со него.

Пилотот Дејвид Роџерс претходно откри информација од 2009 година која покажала дека британскиот принц Ендрју, Бил Клинтон, Кевин Спејси и Наоми Кембел биле меѓу оние кои патувале со авионите на милијардерот. Сепак, тоа не значи дека тие биле свесни за злосторствата за кои беше обвинет Епстајн.

Според некои извори, ова предизвикало вистинска паника кај богатите и славните, а адвокатите на жртвите наведуваат дека објавените извештаи не вклучуваат податоци од летовите на пилот, кој работел за Епстајн повеќе од 25 години.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ова овошје е најдобро да се јаде наутро ако сакате да ослабете

Лутеница со моркови и пиперки: Според рецептот на баба за уживање во текот на целата зима

Нова надеж за пациентите со хронични рани, комбинација на лекови со неверојатен ефект