Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Наместо карго-аеродромот во Штип, ќе се градат училишта, водовод и канализации, соопшти Бектеши

Наместо карго-аеродромот во Штип, ќе се градат училишта, водовод и канализации, соопшти Бектеши
Img 7972

Министерството за економија лани направило измени на Законот за јавно приватно партнерство со кој се отвара можноста средствата предвидени во договорот за концесија со ТАВ Македонија, наменети за изградба на карго -аеродром во Штип да се пренаменат за проекти од јавен интерес на државата. За ова информираше министерот за економија Крешник Бектеши кој денеска оствари работен состанок со менаџментот на ТАВ Македонија.

Министерот рече дека до во наредниот период Владата и концесионерот ќе склучат анекс на договорот за концесија со што од следната година ќе започне реализацијата на проектите.

„Анализите покажуваат дека изградбата на карго-аеродромот во Штип не е економски оправдана и сакаме тие средства да ги пренамениме за проекти од јавен интерес за подобрување на животот на сите граѓани како што се училишта, градинки, водоводи, канализации и реконструкција на општински згради се со цел да се олесни пристапот до услуги за граѓаните. Се работи за сума од 49,7 милиони евра“ кажа Бектеши.

Министерот информираше дека општините веќе минатата година доставиле свои проекти кои се приоритетни за реализација.

„Владата има список на проекти кои се приоритетни за реализација а се доставени од општините.Кога ќе се потпише анекс-договорот ќе бидат објавени и проектите кои што ќе се реализираат и динамиката за новна реализација“ рече министерот Бектеши.

Тој кажа дека и во наредниот период ќе продолжи успешната соработа помеѓу Министерството за економија и ТАВ Македонија со цел подобрување на услугите за граѓаните.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Трендафилов: Минималната плата мора веднаш да се зголеми

Формирани четири нови групации во Сојузот на Стопански комори на Македонија

Мицкоски се сретна со српскиот премиер Мацут