Утрински Весник
Македонија

Хелсиншки комитет предлага да се промени начинот на кој функционираат навивачките групи

Хелсиншки комитет предлага да се промени начинот на кој функционираат навивачките групи

Двата инцидентa во една седмица, предизвикани од навивачка група во Скопје, се најсвежи меѓу бројните докази дека повеќе не смее да се игнорира потребата од вистинско справување со овој деструктивен феномен, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

„Со години наназад реагираме на инциденти предизвикани од навивачки групи, го следиме говорот на омраза што излегува од нивните редови и ги броиме жртвите од насилството, кое е неминовна последица на огромните количини излеана омраза на стадионите, улиците, плоштадите, медиумите… За последните настани реагиравме со поднесување на пријави до МВР и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика“, се наведува во соопштението на Хелсиншки, од каде воедно ги охрабруваат жртвите да ги пријавуваат ваквите инциденти на омраза.

Потсетување, соопштението на Хелсиншкиот комитет се однесуваат на инциденти поврзани со навивачката група „комити“ чии членови пред една недела беа осудени од првиот вицепремиер Артан Груби за недолични скандирања во пресрет на натпреварот со „Шкупи“.

Викендов беше регистриран уште еден сличен инцидент во населбата Ѓорче Петров каде дел од членовите на групата насочија недолични скандирања кон група граѓани од албанска етничка припадност.

Од Комитетот посочуваат дека од прогласувањето на глобалната здравствена пандемија на Ковид-19 и прогласувањето на вонредна состојба во државата, бројот на пријави за говор на омраза драстично се зголемил, особено говорот на омраза врз основ на етничка припадност.

„Во 2019 година во периодот од 16. март до 20. септември, Хелсиншкиот комитет регистрираше вкупно 379 пријави поврзани со говор на омраза, од кои 130 пријави за говор на омраза врз основ на етничка припадност. За споредба, оваа година за истиот временски период, регистрирани се 662 пријави, од кои 353 кои се однесуваат на говор на омраза врз основ на етничка припадност, што воедно претставува зголемување за околу 280% во споредба со лани“, се нагласува во соопштението во кое се додава дека изминатиов период на платформата „Злосторства од омраза” регистрирани се четри инциденти случени пред и за време на спортските натпревари кои вклучуваат елементи на дела од омраза со етнички предзнак.

Од Хелсиншки сметаат дека покрај строгото санкционирање од страна на институциите, од подеднаква важност е и директната работа со припадниците на навивачките групи, решавање на конфликтите на ненасилен и мирен начин и давањето поттик за да се преобмисли нивното постоење во конструктивна насока.

„Најважно од се, неопходна е политичка волја за да се изведе еден ваков процес, кој би значел гасење на еден голем генератор на омраза во општеството, што ќе има долгорочни позитивни ефекти за сите граѓани во државата и за нејзината стабилност. Многу хулигански навивачки групи низ Европа, денеска се конструктивен дел од заедницата, а насилството и дивеењето го заменија со хумантирни активности и поддршка на позитивни каузи“, истакнуваат од таму.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер