Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Повеќе од 6.000 новоинфицирани, Џонсон размислува за воведување карантин во Велика Британија

Повеќе од 6.000 новоинфицирани, Џонсон размислува за воведување карантин во Велика Британија
300x250 opst2

 

Поради забрзаното зголемување на бројот на нови случаи на Ковид-19, премиерот на Велика Британија Борис Џонсон размислува за воведување нов карантин во земјата.

Бројот на нови инфекции во Велика Британија се зголемува за најмалку 6.000 на ден, а бројот на пациенти кои се примени во болница поради Ковид-19 се удвојува на секои осум дена, пишува „Ројтерс“ .

Крис Вити, главниот медицински експерт на британската влада, се очекува на денешната прес-конференција да објави дека земјата се наоѓа на критична точка на пандемија пред многу предизвикувачкиот зимски период.

Министерот за транспорт Грант Снапс рече дека сите мерки за карантин мора да бидат добро избалансирани и дека на компаниите мора да им биде дозволено да функционираат за да може земјата економски да ја издржи пандемиската криза, а училиштата ќе продолжат да работат.

Официјалниот црн биланс на пандемијата во Велика Британија е 41.777, според кој таа земја е прва во Европа, односно петта во светот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот