Додека Филипче е министер се случија десетина физички напади врз лекари и е загрозен нивниот живот, велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат и дека нападите врз лекарите се почести од кога и да е порано.
„Филипче на протестот на лекарите и медицинските работници под мотото ‘Стоп за насилство врз здравствени работници’ на кој и самиот лицемерно присуствуваше вети дека ќе обезбеди физичко обезбедување на болниците и дека нема да дозволи нови лекарски жртви, но Филипче излажа“, се наведува во партиското соопштение во кое се потсетува дека било ветено 24 часовно обезбедување на болниците и видео надзор со цел да нема напади врз лекарите.
Исто така од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат оти не е реализирано ниту ветувањето дека нападот врз лекар и медицинско лице ќе се изедначи со напад врз службено лице, и ќе влезе во закон како најригорозно регулирано.