Утрински Весник
Магазин

„Еми“ награди: „Шитс Крик“ победи во седум категории

„Еми“ награди: „Шитс Крик“ победи во седум категории

Откачената ТВ-комедија „Шитс Крик“ и драмската серија „Чувари“ триумфираа на синоќешната церемонија на доделување на награди „Еми“, на која повеќето селебрити-личности се појавија онлајн од нивните софи и дворови, облечени во разни наметки, дуксери и пижами поради пандемија на Ковид-19.

„Здраво, добредојдовте во ПандЕмис!“, рече Џими Кимел, отворајќи го шоуто, во кое преовладуваа повеќе скечеви и шеги за животот во самоизолација.

„Шитс Крик“, хит на малата кабелска мрежа „Поп“ – необична сторија за богато семејство кое е принудено да живее во запуштен мотел – освои седум „Еми“ награди, вклучувајќи за најдобра хумористична серија и актерски награди за канадските sвезди Кетрин О’Хара, Јуџин Леви, Даниел Леви и Ани Марфи.

Ова е првпат во 72-годишната историја на „Еми“ наградите, комедија да ги освои сите седум категории во иста година, рекоа организаторите.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Унгарија по седум години би можела повторно да настапи на Евровизија

Излезе лажен ChatGPT кој краде сè!

„Јутјуб“ воведува автоматски ознаки за видеа генерирани со вештачка интелигенција