Утрински Весник
Свет

Стотици луѓе на Парадата на гордоста во Загреб, бараат промена на Уставот

Стотици луѓе на Парадата на гордоста во Загреб, бараат промена на Уставот

Стотици луѓе се собраа на плоштадот Свети Марко во Загреб, каде се одржува 19. Парада на гордоста. Учесниците на Парадата браат да се покрене процесот на промена на Уставот, така што сите семејства да бидат еднакви во сите права и обврски, како и истополовите семејства да бидат вклучени во дефиницијата за брак.

Меѓу учесниците има неколку политичари, вклучително и вицепремиерот од редовите на Независна демократска српска партија (СДСС), Борис Милошевиќ, пратеникот Домагој Хајдуковиќ, Катарина Пеовиќ од Работничкиот фронт и Сандра Бенчиќ од платформата Можеме, пренесува хрватски „Индекс“.

Поворката, за прв пат, започна од плоштадот пред највисоките владини институции, седиштето на Владата, Собранието и Уставниот суд.Учесниците носат транспаренти, барајќи уставно загарантирана еднаквост на сите семејства.

„Љубовта не познава пол“, „Без поделба на розово и сино“, „Различни луѓе имаат еднакви права“, „Уставното ограничување од 2013 година е неприродно“- се дел од натписите што ги носат учесниците, заедно со традиционалните знамиња со бои на виножито.

Овогодинешниот слоган на Парадата на гордоста е „Слобода внатре и надвор од четирите sида“, а собирот, како што е најавено, ќе го обезбеди полицијата.

Организаторите рекоа дека поворката ќе се одржи со целосно почитување на епидемиолошките мерки и постојано ги предупредуваа насобраните да се држат на дистанца.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕП: Минималната возраст за пристап до социјални мрежи и вештачка интелигенција треба да биде 16 години

Судија во Џорџија го отфрли случајот за мешање во изборите во 2020 година против Трамп

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во Хонг Конг