Утрински Весник
Свет

(Видео) Ураганот донесе поплави и однесе два животи во Грција

(Видео) Ураганот донесе поплави и однесе два животи во Грција

Медитеранскиот ураган Јанос, кој ја погоди централна Грција денеска, однесе два животи, предизвикувајќи поплави и материјална штета.

Според Ројтерс, безживотното тело на една постара жена е пронајдено во поплавена куќа во село во близина на градот Фарсала, а подоцна телото на 63-годишен маж е пронајдено недалеку од болницата во градот Кардица, но не е јасно дали тој е едно од двете лица кои претходно биле пријавени за исчезнати.

Во поплавената Кардица се урнал мост, а невремето денеска пристигна во поширокиот дел на Атина, но засега нема извештаи за штети.

Железничките линии помеѓу Атина и Солун се привремено прекинати.

Ураганот Јанос вчера го погоди западниот брег на Грција, соборувајќи дрвја и предизвикувајќи поплави и прекини на електричната енергија.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кремљ: Сè уште не е одлучено дали Путин ќе учествува на самитот на Г-20 во Мајами

Трамп не се противи Кина да произведува автомобили во САД

Масовен протест во Даблин против посетата на Доналд Трамп на Ирска