Утрински Весник
Спорт

Сане: Малку ми е жал за Шалке, Флик: Требаше да дадеме повеќе голови

Сане: Малку ми е жал за Шалке, Флик: Требаше да дадеме повеќе голови

Новото крило на Баерн Минхен, Лирој Сане признава дека му било „малку жал“ што стартот на сезоната бил одбележан со 8:0 победа над неговиот поранешен клуб Шалке.

Сане го постигна својот деби гол за Баварците по трансферот од Манчестер сити во неверојатниот меч на „Алијанц арената“. Тој ја започна својата професионална кариера токму со Шачлке, пред да замине во Англија во 2016.

„Беше навистина добро да се биде на теренот со момците. Одличен меч, а јас се чувствував целосно опуштен и знаев дека добро ќе се вклопам во тимот. Бевме гладни за голови и сакавме да одиме во напад. Секако, бев во Шалке долго време и малку ми е жал што ја почнуваат сезоната со ваков пораз“, вели Сане.

Шалке сега имаат 17 меча во Бундеслигата без победа, и тренерот Давид Вагнер вели дека тимот бил „наивен“ против европскиот и германски шампион.

„Не игравме добро, Баерн беа неверојатни. Ние мораме да се стресеме, да го прифатиме поразот и да реагираме. Беше наивно што одевме во напад по четвртиот гол“, вели Вагнер.

Тренерот на Баерн, Ханси Флик пак, вели дека ова е репер за Баерн за остатокот од сезоната, но посочи дека требаше да постигнат повеќе голови во првото полувреме.

„Игравме брилијантно, но можевме да имаме уште два-три или повеќе голови во првото полувреме. Сепак, најважно беше да покажеме дека одиме во вистински правец и јас сум многу задоволен“, изјави Флик.

Баерн се безмилосен тим – го „прегазија“ Шалке со 8:0!

> Сане: Малку ми е жал за Шалке, Флик: Требаше да дадеме повеќе голови <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига