Утрински Весник
Свет

Балканот се подготвува за исклучително редок метеоролошки феномен

Балканот се подготвува за исклучително редок метеоролошки феномен

Грција започна со подготовки за редок вид бура, медитеранскиот ураган познат како „медиган“.
Според хрватскиот „Јутарњи лист“, се очекува невремето најпрво да ги зафати западните јонски острови, а потоа и полуостровот Пелопонез, а во опасност е и Атина.

Грчките власти предупредија дека бурата „Јанос“ ќе биде придружена со силен ветер и дожд што може да доведе до поплави и прекин на електричната енергија во следните два дена.

Министерот за цивилна заштита Никос Хардалиас во четвртокот ги советуваше жителите на областите поплавени во минатото или кои живеат во близина на реките да најдат алтернативно сместување, а останатите да го ограничат патувањето.

„Влијанието на ‘Јанош’, мора да бидеме јасни, ќе биде слично на другите бури, но посилно по интензитет, опсег и времетраење“, рече тој.

Ваквите циклони првпат се појавија во Грција во 1995 година, но се почести последните години, рече Хардалиас.

Слична бура последен пат ја погоди Грција во 2018 година, 25 лица загинаа во поплавите една година порано, а стотици останаа без покрив над главата.

Таквите бури се познати како „медиган“, што е комбинација на зборовите „Медитеран“ и „ураган“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме