Утрински Весник
Спорт

Драгиќ блескаше, Мајми водат 2-0 против Бостон

Драгиќ блескаше, Мајми водат 2-0 против Бостон

Кошаркарите на Мајами Хит поведоа со 2-0 во финалето на Истокот против Бостон Селтикс откако втоиро меч го добија со 106:101.

Мајами успеаја да го надоместат минусот од 17 поени и во неизвесна завршница да стигнат до победата.

Бостон имаа плус 3 по првата четвртина (31:28), во вториот период имаа предност и од 17 поени, а на полувреме Селтикс водеа со 60:47. Мајами предноста ја стигнаа во третата четвртина, кога ја имаа највисоката предност 77:84. Во последниот период имаше неколку пресврти, на крајот Мајами беа тие кои се радуваа на победата.

По мечот според медиумите имало многу нервоза во соблекувалната на Бостон, а најгласен бил Маркус Смарт кој викал по соиграчите.

Горан Драгиќ со 25 поени и Бем Адебајо со 21 поен и 10 скока го предводеа Мајами. На спротивната страна се истакнаа Кемба Вокер со 23 и Џејсон Тејтум со 21 поен.



> Драгиќ блескаше, Мајми водат 2-0 против Бостон <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо