Шведскиот ас во скок со стап, Арманд Мондо Дуплантис успеа да избрише уште еден светски рекорд на легендарниот Украинецот Сергеј Бубка, прескокнувајќи 6.15 метри во Рим, подобрувајќи го рекордот на отворено на Бубка од 1994 година.
Дуплантис доминираше во натпреварувањето во кое немаше вистинска конкуренција – Белгиецот Бен Бредерс беше втор со 5.80 метри, додека Рену Лавилени скокна само 5.70 метри за четврто место.
За 20-годишниот европски шампион од 2018 година, некогаш магичната граница од 6 метри стана вистинска формалност, откако претходно оваа година скокна и 6.07 метри. Во февруари, тој го сруши светскиот рекорд на Лавилени во сала со скок од 6.17 метри во Торун, Полска, за потоа да скокне и еден сантиметар повисоко во Глазгов.
WOW!????Här sätter Armand Duplantis nytt utomhusrekord när han klarar 6,15 meter. pic.twitter.com/BBEzMKRysa
— TV4 Sport (@TV4Sport) September 17, 2020
> Дуплантис го избриша легендарниот светски рекорд на Бубка! <