Утрински Весник
Македонија

Мајките на протест, бараат породилното отсуство да биде продолжено до крајот на годинава

Мајките на протест, бараат породилното отсуство да биде продолжено до крајот на годинава

Со барање за укинување на одлуката на 23 септември да се вратат на работа, мајките на деца до шестгодишна возраст и оние кои се на породилно отсуство, попладнево излегоа на протест пред Владата.

Бараат породилното отсуство да биде продолжено до крајот на годината, а според нив во градинките нема место и воопшто не можат да ги запишат нивните деца. Петицијата ја потпишале 3.325 мајки.

Според владината одлука, од 14 септември, сите родители на деца од 0 до 6 години, кои досега беа ослободени од работниот процес, треба да се вратат на работа почнувајќи од 23 септември.
Од Владата соопштија дека со отворањето на установите за згрижување и воспитување деца на 9 септември 2020 година и анализата која покажа дека градинките имаат капацитет да ги згрижат децата согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување на деца, кој на минимум го сведува ризикот од ширење на вирусот Ковид-19, мерката родителите на децата од 0 до 6 години да бидат надвор од работниот процес ја губи смислата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Дали човек смее да има бизнис и да биде член на партија?

Внимавајте: Маж измамен за 2.000 евра за лажни документи за странство

Вработена нападната во здравствена установа во Ѓорче Петров