Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Димитров: Новата методологија овозможува подинамичен и посуштински преговарачки процес

Димитров: Новата методологија овозможува подинамичен и посуштински преговарачки процес
Img 7972

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска се сретна со овластениот министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Гент Цакај, кој престојува во официјална посета на земјава.

Во фокусот на разговорот беа претстојната финализација на Преговарачката рамка и можностите кои се пред двете држави во наредниот период. Соговорниците се осврнаа и на успешната прекугранична соработка во рамки на европските инструменти и влијанието кои таа ги има врз зближување на луѓето и бизнисите од граничните региони.

„Новата методологија за пристапување овозможува подинамичен и посуштински преговарачки процес. Нашата цел е тоа целосно да го искористиме”,посочи Димитров.

Соговорниците заеднички се согласија дека и во периодот кој следи двете земји ќе продолжат со негување на добрососедсите односи, соработка во рамки на регионалните иницијативи, како еден од клучните предуслови за трајна стабилност и економски просперитет на целиот регион.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Син на полициски командир во Тетово претепал човек, жртвата со тешки повреди пренесена во Скопје

Филипче: СДСМ бараше минимална плата од 500 евра, но Мицкоски не прифати

Реакција на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Љутков директно одговорни за рушењето на домот на Владо Малески!