Утрински Весник
Свет

Кинескиот шеф на дипломатија: Странски сили сакаат да почнат нов бран обоени револуции во Азија

Кинескиот шеф на дипломатија: Странски сили сакаат да почнат нов бран обоени револуции во Азија

Некои странски сили сакаат да започнат нова рунда обоени револуции во Азија, рече кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, во своето интервју за “Сјинхуа“ во пресрет на неговата посета на Русија.

„ Од неодамна, односите меѓу Кина и нејзините соседни земји се развиваат во позитивна насока. Во исто време се зголемува глобалната нестабилност, глобалната безбедност се соочува со нови предизвици и закани. Меѓународните терористички организации и трите моќ на злото -тероризмот, екстремизмот, сепаратизмот- ги зголемија своите активности во регионот “, рече тој.

„ Некои странски сили користат разни изговори за мешање во внатрешните проблеми во регионот, па дури и се обидуваат да започнат нов бран обоени револуции. Истовремено, во обид да се задржи униполарната надмоќ, некои странски сили излегуваат со секакви лаги, намерно ги оцрнуваат Кина, Русија и другите земји што рапидно се развиваат, вршат неоправдан притисок, дури и принудувајќи некои земји да изберат сојузници кои сакаат да почнат нова Студена војна “, рече Ванг Ји.

Според кинескиот министер за надворешни работи, ваквото однесување, кое ги поткопува границите на меѓународните односи, не е во согласност со заедничките интереси на земјите од светот, а ваквите активности нема да бидат одобрени од меѓународната заедница и, несомнено, ќе остави неславна трага во историјата .

Ванг Ји исто така истакна дека Русија, Централна Азија и Монголија се важни соседи на северозападна Кина.

„ Кина посветува многу внимание на ситуацијата во регионот и искрено се надева на долгорочна стабилност, развој и просперитет на сите земји од регионот“, заклучи тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата

Русија упати предупредување до Јужна Кореја: „Воздржете се од непромислени чекори“