Утрински Весник
Свет

ЕУ одлучи – рампа за српските граѓани

ЕУ одлучи – рампа за српските граѓани

ЕУ не ја врати Србија на списокот со трети земји на кои им е дозволен слободен влез во ЕУ, дознава Танјуг во Брисел.

Иако во работните тела на Советот на ЕУ беше покренато прашањето за враќање на Србија на списокот на земји за кои нема ограничувања за влез, амбасадорите на земјите-членки ја отстранија оваа тема од денешниот состанок.

„Амбасадорите не разговараа на таа тема, така што нема промени на списокот“, велат германски дипломатски извори за Танјуг.

Дипломатски извори наведуваат дека некои земји-членки, предводени од Грција, се залагале границите на ЕУ да бидат отворени за граѓаните на Србија поради подобрувањето на епидемиолошката состојба.

„Преовладувачката проценка е дека ситуацијата ‘не е стабилизирана доволно’, како во Србија, така и во ЕУ“, јавува Танјуг.

Списокот на трети земји за слободен влез во ЕУ се ревидира на секои две недели.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Масовен протест во Будимпешта: Над 50.000 граѓани против Орбан

Трамп потпиша уредба за кратење на буџетот на „Гласот на Америка“ и шест други агенции

Германија објави нацрт-закон за нов финансиски пакет од 500 милијарди евра