Утрински Весник
Македонија

Полицијата вчера казнила 376 возачи во Скопје

Полицијата вчера казнила 376 возачи во Скопје
Dik 300x250 mk

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден полицијата казнила 376 возачи.

Од нив 23 се казнети дека возеле без возачка дозвола,  за пречекорување на дозволената брзина на движење казнети се 105 возачи,  за нерегистрирани и технички неисправни возила 22.

Исто така казнети се 35  мотоциклисти и биле одземени пет мотори. 57 возачи се казнети за непрописно паркирање, 60 возила се подигнати со пајак, а изречени се и 100 санкции за неносење на заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нови обилни дождови и засилен јужен ветер доаѓаат во нашата Македонија

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога, уапсени две лица

ВЛЕН: ДУИ без власт тоне во паника и самозалажување!