Утрински Весник
Свет

Турска и руска воена делегација ќе се сретнат на разговори за Идлиб

Турска и руска воена делегација ќе се сретнат на разговори за Идлиб

Турска и руска воена делегација денеска ќе одржат состанок во Министерството за национална одбрана на Турција, на кој ќе се разговара за развојот на настаните во Идлиб и за најновата состојба на теренот, пренесува „Анадолија“.

Според соопштението од Министерството за национална одбрана, турската и руската воена делегација ќе се состанат денес во Министерството, а на состанокот ќе се разговара за развојот на настаните во северозападниот дел на Сирија, во Идлиб и за најновата состојба на теренот.

Идлиб спаѓа во зоната на деескалација определена според договорот меѓу Турција и Русија.Областа беше предмет на повеќе договори за прекин на огнот, честопати нарушувани од армијата на Асад и неговите сојузници.

Во моментов регионот е дом на 4 милиони цивили, вклучувајќи стотици илјади раселени во последните неколку години од страна на режимските сили низ цела Сирија. Во последните месеци, речиси 1,7 милиони Сиријци се преселија во близина на турската граница поради интензивните напади на сириската армија и нејзините сојузници.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија упати предупредување до Јужна Кореја: „Воздржете се од непромислени чекори“

Експлозија во рафинерија за нафта во Турција

Лами: Британија не испраќа војници во Украина