Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Енди Мареј со специјална покана на Ролан Гарос

Енди Мареј со специјална покана на Ролан Гарос
Img 7972

Британскиот тенисер, Енди Мареј доби специјална покана за учество на Ролан Гарос, објавија организаторите на турнирот во Париз.

Мечевите на грен слемот ќе се играат од 27 септември до 11 октомври.

Поранешниот прв светски тениски рекет кој има 3 грен слем титули во кариерата и е двоен олимписки шампион моментно е 110-ти на АТП листата, па затоа учеството на турнирот на земјена подлога во главниот град на Франција му е со специјална покана.

По долгата пауза поради операцијата на колкот која ја имаше во 2019 година, Мареј се опорави и се врати на теренот.

Учествуваше и на неодамна завршениот САД опен, каде испадна во второто коло.

Во финалето на Ролан Гарос последен пат играше во 2017 година, а една година порано во финалето загуби од Новак Ѓоковиќ.

> Енди Мареј со специјална покана на Ролан Гарос <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица