Утрински Весник
Македонија

Утре сончево време, од четврток дожд

Утре сончево време со засилен ветер

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 31 степен.

Во четврток попладне и во петок времето ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови од земјава. Во петок ќе дува засилен северен ветер.

Од сабота и во наредните денови ќе преовладува стабилно време, а температурите ќе бидат во опаѓање.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Протестот демек организиран од ССМ, а сите видоа дека е нивна игранка со СДС

Одземени две возила во Кичево, уапсени две лица

(Видео) Ужас во Гостивар: Татко и син 30 години не се избањале, немаат струја и вода – Од социјалното им кажале дека „немаат средства” да им помогнат