Утрински Весник
Свет

Германија им даде 627 милиони евра на компании за развој на вакцина против Ковид-19

Вакцината на Оксфорд е една од водечките во трката за заштита од коронавирусот

Германија издвои 627 милиони евра за биотехнолошките компании BioNTech и CureVac за забрзување на развојот на вакцината против Ковид-19.

Министерката за образование и истражување, Ања Карличек, предупреди дека безбедноста треба да остане главен приоритет за пошироката популација да ја прифати вакцината.

„Дури и додека светот е во исчекување на вакцина, ние нема да преземеме ризични кратенки“, рече таа на прес-конференција во Берлин.

Многумина се загрижени дека може да се намалат стандардите за безбедност и ефикасност во трката за развој на вакцината против Ковид-19, од кој досега заболеле повеќе од 29 милиони луѓе во светот, а починале над 926.000.

Министерката кажа дека вакцината најверојатно ќе биде достапна следната пролет.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израелски воздушни напади врз јужен Либан, серија експлозии во повеќе градови

Уапсена жена осомничена дека планирала бомбашки напад врз владата на американската сојузна држава Њујорк

Осум загинати при пад на чартер-авион на Алјаска