Утрински Весник
Свет

Борел: На ЕУ и претстојат тешки одлуки за Турција

Борел: На ЕУ и претстојат тешки одлуки за Турција

Европската унија (ЕУ) ќе мора да донесе „тешки одлуки“ во врска со Турција, изјави денеска шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

На крајот на август Борел и се закани на Турција со нови санкции доколку нема напредок во дијалогот со Грција за решавање на кризата во Средоземното Море.

Атина и Никозија ја осудуваат Турција што бара наоѓалишта на нафта и гас во нивните води, додека Анкара наведува дека на ресурсите во тие води ги има истите права како и тие.

Борел им порача на членовите на Европскиот парламент дека затоа дојде време лидерите да донесат тешки одлуки на самитот на 24 и 25 септември.

Тој додаде дека сè уште не постои договор за воведување санкции против Турција.

Одлуката за санкции против трета земја бара едногласна поддршка од членките на Унијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Федералниот апелационен суд пресуди во корист на Трамп за распоредување на Националната гарда во Лос Анџелес

Нетанјаху: Падот на иранското раководство не е цел, но може да биде резултат

Граната експлодираше во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во Тел Авив, Чешка и Австралија привремено ги затворија амбасадите во Иран