Утрински Весник
Македонија

Бремените жени остануваат дома, од 23 септември се враќаат на работа они кои беа на продолжено породилно отсуство

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Владата ја информира јавноста дека на вчерашната 4-та седница врз основа на заклучоците на Главниот координативен кризен штаб донесе соодветни одлуки меѓу кои, за враќање на работа и на редовно извршување на работните задачи за вработените лица, кои се ослободени од работа врз основа на користење на продолжено породилно отсуство, почнувајќи од 23.9.2020 година (среда), имајќи предвид дека можноста за користење на оваа мерка за продолжено породилно отсуство престанува да важи.

Останатите вработени лица кои во моментот се оправдано отсутни од работа поради користење на редовно породилно отсуство, истите да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи по истекот на породилното отсуство.

Претходно, Владата ги усвои предлозите на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство за бремените жени да продолжат да ги користат мерките донесени од страна на Владата и тие се ослободуваат од одење на работа.

Една од одлуките на Владата се однесува и на враќање на работните места и вработените лица кои се ослободени од работа врз основа на утврдената листа на хронични болести и тоа од среда 23 септември. Исклучок од ова ќе бидат само лицата (пациенти) кај кои болеста е во фаза на егзацербација (влошување) и за оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на која потврда овие лица ќе користат боледување.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мемеди: Имаме 70 до 80 прегледи дневно, кај пет до шест деца неделно изолираме грип од типот А, но поголем е бројот на тие со респираторни симптоми

Николоски: Со сложени инженерски зафати кои за прв пат се користат во регионот, ќе го доизградиме автопатот Охрид-Кичево

МОН: Потпишан договор за соработка во образованието и науката со Турција