Утрински Весник
Свет

Во Турција уапсени 53 од 78 лица осомничени за поврзаност со ФЕТО

Во Турција уапсени 53 од 78 лица осомничени за поврзаност со ФЕТО
Dik 300x250 mk

Турската полиција спроведува уште една голема акција за приведување на лицата осомничени за поврзаност со терористичката организација ФЕТО. Издаден е налог од турското Јавно обвинителство за приведување на 78 лица, по што се уапсени 53 осомничени.

Постапувајќи по налогот на обвинителството, турската полиција започнала истовремени акции за приведување во 28 големи градови на таа земја, а досега се уапсени 53 осомничени, меѓу кои е и командант на жандармеријата во подрачјето Фоча.

Врз основа на истрагата за инфилтрираните елементи на ФЕТО во Турските вооружени сили, обвинителството во провинцијата Измир издала налог за приведување на 66 осомничени лица за кои е утврдено дека користеле тајни и паралелни системи на комуникација во Турските вооружени сили. Меѓу осомничените има припадници на копнените, воздушните, поморските и жандармериските сили, а 48 осомничени се подофицери во активна служба.

Во посебна акција во Анкара, издадени се налози за апсење за 12 наставници, вклучително и осуммина на должност, кои се обвинети за врски со ФЕТО. Тие ја користеле ByLock, шифрирана апликација за пораки за паметни телефони на терористичката група за регрутирање луѓе. Најмалку деветмина од осомничените беа уапсени во акцијата, а продолжува потрагата по преостанатите 13 осомничени.

Организацијата ФЕТО се наведува дека е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција ноќта на 15 јули 2016 година. Станува збор за организација што Турција ја смета за терористичка, која е предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во САД и чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел ја прекинува хуманитарната помош за Газа

Трамп: Нема да ја загрозам Америка поради Украина

Кина ги обвини САД за кибер напади врз Националниот центар за време