Утрински Весник
Свет

Американскиот суд дозволи депортација на стотици илјади имигранти

Американскиот суд дозволи депортација на стотици илјади имигранти

Американскиот апелационен суд со 2 наспроти 1 глас донесе одлука дека администрацијата на Трамп може да депортира стотици илјади имигранти на кои претходно им бил одобрен привремен заштитен статус од хуманитарни причини.

Пресудата на комисијата со 2 наспроти 1 глас на Американскиот апелационен суд го потврди укинувањето на мерките за заштита од депортација на имигрантите од Салвадор, Хаити, Никарагва и Судан.

Администрацијата на Трамп ја укина нивната заштита, велејќи дека нивните земји сега се безбедни за нив.

Одлуката се однесува на 300 000 лица без државјанство и 200 000 нивни деца кои се државјани на САД.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Москва не сака прекин на огнот со Украина: „Нема основа за полусрдечни решенија“

САД издадоа предупредување за патувања во Германија

Дрон влегол во латвискиот воздушен простор, НАТО го соборил