Утрински Весник
Свет

Германија одлучи да прифати 1.500 бегалци по пожарот во кампот Мориа во Лезбос

Германската канцеларка Ангела Меркел и министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер објавија дека планираат да прифатат околу 1.500 бегалци од грчки острови, објавија германските медиуми.

Станува збор за повеќе семејства со деца.

Повеќе од 12.000 луѓе, претежно бегалци од Авганистан, Африка и Сирија, останаа без покрив над главата и без пристап до храна и вода откако минатата среда избувна пожар низ преполниот бегалски камп на грчкиот остров Лезбос, објави Ројтерс.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На протестите во Франција учествувале околу 480 илјади луѓе

Трамп: На „нашиот“ Гренланд се подготвува обемно истражување на нафта, гас и минерали

Папата Лав XIV опериран од рак на белите дробови – отстранет му е дел од десното белодробно крило